Нов кикс на Баскет Кам, Крива Паланка не го дава врвот

27

Својот дерби-нмеч од ова 4.коло од „Шпаркасе лајф“ Првата лига, кошаркарките на Баскет кам и Вардар, наместо во Македонска Каменица (проблеми со семафорот), го одиграа во салата „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево.

И уште еднаш во оваа првенсттвена сезона, „вардарки“ најдоа начин како да го победат тимот кој ја брани титулата.

БАСКЕТ КАМ – ВАРДАР 48:55

Нов пораз за актуелниот шампион. Екипата на Вардар оваа сезона уште еднаш беше подобра од Баскет кам, уште еднаш на гостински терен, макар што овој меч „вардарки“ го добија како гостинки во Делчево.

Вардар имаше одличен вовед во натпреварот, уште во првата четвртина гостинската екипа се стекна со убедливо водство од (18:5). Не застанаа девојките во „црвено-црна“ комбинација ниту во вториот период, во кој беа уште поефикасни, и до полувремето разликата ја зголемија, водеа со (41:19).

Трајковска реализираше 11.поени (и четири скока), исто толку имаше и Тасевска (плус шест асистенции и четири кока), додека Николиќ дополни со дабл-дабл учинок од 10.поени и 12.скока.

Кај Баскет кам, за кого ова е трет пораз во четирите одиграни кола во „оролоџото“, Димова заврши со двоен скор од 21.поени и 14.скока, Адамовска постигна 15.поени, имаше и по шест асистенции и скокови.

КРИВА ПАЛАНКА – БАДЕЛ 1862 81:59

СПОРТ ТИМ – МЗТ БЕЛА ВОДА 65:60

ПАТРИОТ 2016 – ПРОБАСКЕТ 82:58

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“

РЕЗУЛТАТИ 4.КОЛО

Крива Паланка – Бадел 1862 81:59

Баскет кам – Вардар 48:55

Спорт тим – МЗТ Бела вода 65:60

Патриот 2016 – Пробаскет 82:58

ТАБЕЛА

1.Крива Паланка 18 15 3 1425:1064 33

2.Баскет кам 18 13 5 1158:941 31

3.Вардар 18 13 5 1338:1144 31

4.Бадел 1862 18 12 6 1356:1133 30

5.Пробаскет 18 10 8 1349:1269 28

6.МЗТ Бела вода 18 5 13 1099:1228 23

7.Патриот 2016 18 2 16 1042:1589 20

8.Спорт тим 18 2 16 940:1339 19

ИДНО КОЛО (04.04)

Бадел 1862 – Спорт тим

Вардар – Крива Паланка

Пробасект – Баскет кам

МЗТ Бела вода – Патриот 2016

ПретходноТРАГЕДИЈА: На 51 година почина поранешниот тренер на Вардар
СледноТајната на успехот на Дончиќ: Колку килограми ослабе Лука во Лос Анџелес?