Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ (33 години, 185 цм) ќе го носи дресот во следните две сезони, потврдија од ГРК Охрид.
Дино доаѓа од екипата на Лимуж по 3 сезони минати таму, а претходно го носеше дресот на Загреб и Адемар Леон. Има одлични и забележителни настапи за хрватската репрезентација.
„Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се се`подобри од година во година, клубот напредува. Слушнав се најдобро за Охрид како клуб и место за живот. Среќен сум што доаѓам тука и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги исполни сите амбиции кои ги има.
Македонската лига од година во година е се подобра, ќе се игра и Европа и тоа ќе биде дополнителен мотив“, изјави Дино Славиќ.










