Покрај Новак, и Чеферин ќе биде во ложата на “Билино Поље“ во Зеница!

169
ФОТО: nfsbih.ba

Јасно е дека вечерва Зеница и стадионот “Билино Поље“ се центарот на фудбалските збиднувања во Европа. Се играат уште три баражи за пласман на СП 2026, но сепак дуелот меѓу БиХ и Италија е најинтересен.

А дека е така тоа најдобро го отсликува фактот дека вечерва во ложата на „Билино Поље“ ќе бидат еден Новак Ѓоковиќ, потоа претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, потоа високите претставници на УЕФА, Зоран Лаковиќ и Џорџо Маркети. Сите тие денеска имаа заеднички ручек со претседателите на фудбалските федерации на БиХ и Италија, Вицо Зељковиќ и Габриеле Гравина.

ПретходноЛукаку одбил да тренира во Наполи, му следи суспензија и раскинување на договорот
СледноПотврда и од Данди Јунајтед: Трапановски мора на операција на лигаментите на коленото!