Турските фудбалери останаа без сон: Во Приштина им се случи битолско сценарио (ВИДЕО)

1079

Навивачите на косовската репрезентација решија да ја држат турската репрезентација без сон пред финалето од плејофот, кое ќе се игра вечерва во Приштина.

Тие организираа огромен огномет пред хотелот каде што престојуваат гостинските играчи. Сè започна по полноќ, а експлозиите биле доста гласни.

Сонот на репрезентацијата дефинитивно беше прекинат. Турците се жалат на социјалните мрежи и велат дека се разочарани.

„Немаше дури ни обезбедување околу хотелот. Група косовски навивачи го искористија ова за да направат огромен огномет пред хотелот на полноќ и да ги разбудат нашите играчи“, се наведува во соопштението.

Слично нешто видовме во Битола пред дуелот меѓу Пелистер и Вардар минатата сезона.


ПретходноИрците ја мрзат Македонија од дното на душата, не забораваат и по 27 години!
СледноМакедонија еднаш ги фрли во очај Италијанците, Босна посакува чудо!