Немили сцени во Осијек: За време на натпревар турскиот селектор падна и загуби свест! (ВИДЕО)

179
ФОТО:screenshot

Немили сцени од стадионот во Осијек каде се игра мечот меѓу младите селекции на Хрватска и Турција. Имено некаде околу 35.минута при резултат 1:1, дојде до паника пред клупата на гостите. Веднаш реагираше возилото на Брзата помош и лекарските екипи. Турскиот селектор Егемен Коркмаз се лизнал и паднал со глава на земја и загубил свест. Тој веднаш бил пренесен во болница, јасно е дека натпреварот беше прекинат. Последните вести кажуваат дека е надвор од животна опасност. 

ПретходноУ-17 елитни квалификации: Македонија со дебакл за крај за последно место на табелата!
СледноРК Прилеп ги продолжи договорите со тренерот и со двајца ракометари! (ФОТО)