Уште ќе сонуваме за Мундијал, нашата реалност е “пријателска“ вечерва во Даблин!

134

Не знаеме дали некогаш повторно, по третпат, ќе имаме шанса за пласман на еден Мундијал и остварување на сонот од детството, но се чини дека можеше и мораше поинаку овојпат. Ако во 2022 имавме пекол наречен “Италија и Португалија“ и тоа на гости, а познато како заврши – со херојска победа во Палермо и “тресење“ на Роналдо и компанија во Порто, сега во Копенхаген дебакл. Едноставно Македонија не беше подготвена за овој историски бараж, во секој поглед. Данска па Р.Ирска или Чешка. Ова беше нашата историска шанса, но тоа е тоа. Памет за другпат, ако веќе има другпат.

И толку за Копенхаген и Мундијалот, сега е време за нашата реалност, а таа е “пријателска“, па “неважна“ средба со Р.Ирска вечерва во Даблин, со почеток од 20:45 часот на „Авива стадионот“ на која ќе има по осум измени. Типично за пријателска.

И што да се каже, да се напише, да се посочи за еден ваков натпревар кој никого не го интересира, барем во нашата а и Ирската јавност. Овој меч уште вечерва ќе биде „архивиран“, заборавен како никогаш и да се не се одиграл.

Да, имаат право репрезентативците да кажат дека кога игра Македонија нема неважен натпревар, кога ќе го облечеш дресот на твојата држава, кој сега навистина прекрасно изгледа, тоа треба да ти биде дополнителен мотив на тернот. Без разлика против кого играш и дали е тоа пријателска или финале од плејоф за пласман на едно СП.

Вечерва Македонија во Даблин треба да покаже сила, знаење, квалитет и желба за добар резултат. Барем малку да се “испере“ по она што се случи на “Паркен“, фудбалерите да одиграат за себе, за своја душа, за своите фанови и секако за својата држава, за својата Македонија.

И, секако, да го поправат впечатокот, барем малку, ако може да се поправи.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

ПретходноДа освоиме што е можно повеќе бодови до крајот
СледноМакедонија У17 го финишира елитниот квалификациски турнир против Словенија