Македонија со пораз, со дебакл за крај на турнирот во Словенија во елитните квалификации за пласман на ЕП за селекции до 17.години. Попладнево нашите надежи беа поразени од соодветната селекција на Словенија со 0:4 и со тоа се најдоа на последното место во групата 1. Да потсетиме дека на првите два меча на овој турнир Македонија беше поразена од Германија и Франција, а токму оваа втората оди на ЕП како првопласирана. Додека Македонија е последна на табелата со ниту еден освоен бод.
Стрелци за домашната селекција беа Јереб во 11. и 82.минута,Балажиќ во 43.минута и Робин 90+2.
Нашата У-17 селекција овој меч го започна со Суловиќ, Јазаџикиќ, Михајловиќ, Иванов, Ф. Цветковски, Илјазовски, Чедомирски, Мирчевски, Џангаровски, Стојковски, А. Цветковски.
Играа и Папалиски, Љачка, Трпески, Аломеровиќ и Петровски.










