Фудбалските репрезентации на Турција и Шведска пополнија две од последните четири европски места на Мундијалот ова лето. Во финалните бараж дуели вечерва, Турција славеше со 0:1 на гостувањтео во Приштина против Косово, додека Шведска во извонредно возбудлив меч во Стокхолм ја победи селекцијата на Полска со 3:2.
Косово одигра одличен меч со Туција. Домашните први се заканија преку Аслани, но на полувреме немаше голови. Моментот на вистината всушност беше 53. минута, кога по нафрлање на Кокчу, Актиркоглу успеа да ја внесе топката во мрежата на домашните за водство на Турција, што подоцна се покажа и доволно за виза за СП.
Шведска во Стокхолм дури трипати требаше да поведе за да победи. Еланга во 19. минута ги доведе домашните во водство од 1.0, по што Полска преку Залевски во 33. минута израмни на 1:1. Во завршницата на првиот дел домашните погодија уште еднаш, овој пат преку Лагербилке за 2:1. Во второто полувреме, Полјаците со голот на Свидерски повторно израмнија, сега на 2:2, но со голот на Виктор Ѓокереш во 88. минута, „викинзите“ заминаа на Мундијалот.
Босна и Херцеговина одигра 1:1 во регуларните 90. минути со Италија, а 1:1 беше и по 90. минути игра во Прага на мечот Чешка – Данска. И на двете средби има продолженија.










