Имран Фетаи: “Задоволен сум од дебито, мислам дека одиграв добро!“

236

Имран Фетаи вечерва во Даблин го имаше своето деби во репрезентацијата на Македонија. Стоперот на Шкендија доби шанса од селеторот Гоце Седлоски и ја искористи. Беше стартер и доби пофалби и од самиот селектор.

По мечот Фетаи имаше што да каже:

Да, морам да кажам дека многу сум задоволен како прв натпревар мисам дека одиграв добро. Секако дека се надевам дека ќе продолжам вака. Ирска е цврст тим и ние мораше да играме така и така игравме. Мислам дека игравме добро и тие немаа некои шанси, па и ние. Ова беше тврд натпревар и мислам дека сите сме задоволни од овој меч“ истакна Фетаи.

ПретходноБаражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)
СледноСтанковски: Не може секој меч да се победи, важно е да се дава се од себе