Македонската репрезентација до 17 години денеска од 16:30 часот го игра третиот и воедно последен меч на елитниот квалификациски турнир во Словенија. Денеска на програмата е дуелот токму против домаќинот, а на него му претходеа мечевите против Германија, односно Франција.
И на двата меча одигравме храбро и не се исплашивме од фаворитите, но сепак, загубивме на два пати по 2:1.
Од друга страна пак, репрезентацијата на Македонија до 19. години исто така го игра последниот меч од групата во Холандија, а денеска сме на мегдан против Молдавија. Мечот стартува од 18:00 часот.










