Мусовски: Ова е добар резултат за нас

327

Македонската репрезентација вечерва одигра 0:0 на пријателскиот дуел против Ирска во Даблин.

Дуелот мина во доминација на домаќинот, кој што имаше иницијатива, шанси, но не постигна гол. Ние се одлучивме за подефанзивна варијанта, успеавме да се одбраниме и да си заминеме со добар резултат.

„Црврт, тежок меч. Имаат многу цврсти, силни играчи. Но и ние покажавме борбен карактер. Се боревме во текот на сите деведесет минути и изборивме нерешен резултат што сметам дека е добро. Беше тешко да се игра против нивните дефанзивци, високи, силни стопери. Задоволен сум од својот настап, се борев доста и за таа „втора“ топка и мислам дека оставив добар впечаток. Штета можеби и што не добивме шанса и да победиме можеби“ – изјави по мечот, македонскиот репрезенаттивец Дени Мусовски.

 

ПретходноСедлоски: Головите ќе дојдат, мора да играме офанзивно и да се наметнуваме
СледноБаражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)