Ништо од нов пласман на Ф4: Младите пелистерци немоќни против Фуксе Берлин!

202
ФОТО:.facebook.com/hceurofarmpelister

Иако и ова е успех, сепак младинскиот состав на РК Пелистер не успеа да се најде по вторпат едноподруго на Ф4 во Келн во младинската ракометна Лига на Шампионите. Поладнево во Пореч, во финалето на турнирот во овој хрватски град, битолчани беа поразени убедливо и тоа со 21:51.

Па така нема настап оваа година на завршницата во ЛШ за младите ракометари на Пелистер. Германскиот тим уште еднаш ја искажа сета своја класа. Ако вчера го “торпедираше“ Загреб, денеска во финалето едноставно беше пресилен и за македонскиот тим.

Кај пелистерци најефикасни беа Андреј Георгиев и Јован Симоновски со по пет гола, додека кај победничкиот состав Лео Новак застана на 12 голови од исто толку обиди. Тој едноставно беше нерешлива енигна за ракометарите на Пелистер.

ПретходноПобеда во Ереван! Ерменија е нашиот редовен пациент (ВИДЕО)
СледноУ-17 елитни квалификации: Македонија со дебакл за крај за последно место на табелата!