Нов странец: ГРК Охрид го потврди Дино Славиќ!

96

Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ (33 години, 185 цм) ќе го носи дресот во следните две сезони, потврдија од ГРК Охрид.

Дино доаѓа од екипата на Лимуж по 3 сезони минати таму, а претходно го носеше дресот на Загреб и Адемар Леон. Има одлични и забележителни настапи за хрватската репрезентација.
„Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се се`подобри од година во година, клубот напредува. Слушнав се најдобро за Охрид како клуб и место за живот. Среќен сум што доаѓам тука и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги исполни сите амбиции кои ги има.

Македонската лига од година во година е се подобра, ќе се игра и Европа и тоа ќе биде дополнителен мотив“, изјави Дино Славиќ.

ПретходноБугарија завиена во црно – почина легендарниот голман
СледноТРАГЕДИЈА: На 51 година почина поранешниот тренер на Вардар