Вечерва од 20:45 часот на “Авива стадионот“ во Даблин, нашата А-репрезентација ќе ги одмери силите против домашната селекција на Р.Ирска. Ако се знае дека и двете селекции беа поразени во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП 2026, ова ќе биде пријателски меч на кој селекторите ќе имаат можност да направат по осум измени.
Инаку познат е официјалниот стартен состав на нашата репрезентација. Селекторот Гоце Седлоски им даде шанса на следните единаесетмина:
Димитриевски, Херера, Зајков, Елмас, Барди, Чурлинов, Фетаи, Велковски, Растодер, Костадинов, Алими.
Ова за Имран Фетаи ќе биде деби за селекцијата на Македонија.











