Потврда и од Данди Јунајтед: Трапановски мора на операција на лигаментите на коленото!

74
ФОТО:facebook.com/dundeeunitedfc/

Лоши вести од Шкотска, од таборот на Данди Јунајтед. Имено македонскиот интернационалец и повремен репрезентативец, Кристијан Трапановски, има тешка повреда на лигаментите на коленото и ќе мора да оди на операција.

Ова го потврди тренерот на тимот Џим Гудвин. Тој не кажа колку ќе трае рехабилитацијата на Македонецот, ама јасно е дека за него заврши сезоната.
„Трапа ќе има потреба од операција на коленото“, потврди Гудвин. „За жал, се повреди пред неколку недели и му беа потребни скенирања и специјалистички совети. Ќе оди на операција, а потоа ќе видиме што ќе се случи во однос на попрецизни временски рамки.“
Тој додаде:

Беше само извиткување на коленото. Не беше свесен за ништо пред натпреварот и за жал, без разлика како ја извитка ногата, тоа влијаеше на коленото. Овие работи можат да се случат. Кристијан имаше многу отсуства поради повреди, без негова вина“ рече покрај другото менаџерот на Данди Јунајтед.

ПретходноПокрај Новак, и Чеферин ќе биде во ложата на “Билино Поље“ во Зеница!
СледноПред историскиот дуел: Мајорка со поддршка до капитенот на Косово! (ФОТО)