РК Прилеп ги продолжи договорите со тренерот и со двајца ракометари! (ФОТО)

34
ФОТО:.facebook.com/p/Рк-Прилеп-2010

РК Прилеп, членот на ракометната Суперлига, денеска објави дека успеал да ги продолжи договорите со тренерот и со двајца клучни ракометари.

Стратегот Наум Танески и официјално и наредната сезона ќе го води тимот од Прилеп. Додека ракометарите Димитар Димитриоски и Никола Шипинкоски исто така ставја потпис на продолжување на постоечките договори.

Ова кажува дека раководството на РК Прилеп направи добар потег, со цел да се зачува костурот на тимот и со ангажман на неколку нови имиња прилепчани би имале поголеми амбиции.

ПретходноНемили сцени во Осијек: За време на натпревар турскиот селектор падна и загуби свест! (ВИДЕО)
СледноОва е официјалниот стартен состав на Седлоски за дуелот со Р.Ирска!