Руди Галети: Клубови од Европа но и САД се интересираат за голманот на Шкендија

201
ФОТО: KF Skendija/FB

Голманот на актуелниот македонски шампион, тимот на Шкендија, Бабоукар Гаје, според реномираниот фудбалски инзајдер, Руди Галети е интересен за огромен број на клубови во моментов.

Неговите изведби за Шкендија изминативо период, пред се во Европа, доведоа до тоа, за Гаје да се интересираат сериозни клубови.

Според Галети и неговите информации, екипи од Романија, Бугарија но и Белгија отворено пројавиле интерес за чуварот на мрежата.

Плус, интерес има и од САД, односно од МЛС лигата.

Гаје во моментов е дел од својата репрезенатција Гамбија, а интересно е што токму денеска има меч против силниот Сенегал.

ПретходноДе Зерби дефинитивно е новиот менаџер на Тотенхем
СледноЛукаку одбил да тренира во Наполи, му следи суспензија и раскинување на договорот