По дуелот во Даблин во кој Македонија против домаќинот Ирска во рамките од пријателскиот дуел вечерва одигра 0:0, нашите репрезенативци во серија ги споделија своите импресии од овој дуел.
Селекторот Седлоски даде шанса на сите располжливи сили на вечерашниот меч, а половина час на терен мина и офанзивецот Лука Станковски.
„Тежок меч во кој што мора да кажам дадовме се од себе. Се надевавме на позитивен резултат по она што се случи во Данска. Но таков е фудбалот, некогаш победуваш, некогаш губиш, некогаш реми. Нашето е да дадеме се од себе, во дресот на Македонија. Имавме некои полушанси се надевав на гол, влегов во игра сакав да придонесам за такво нешто. Не успеавме овојпат, одиме понатаму“ – изјави Лука Станковски.










