Христов ќе суди полуфинале во ЦЕВ Купот

18
фото: Одбојкарска Федерација на Македонија (FB)

Македонскиот интернационален делител на правдата Јосип Христов ќе биде дел од судискиот колегиум на полуфиналниот реванш дуел меѓу АЦХ Волеј и Пјаченца во ЦЕВ купот во машка конкуренција, кој на 2 април ќе се игра во спортскиот центар „Тиволи“ во Љубљана.

Христов е делегиран како втор судија заедно со белгискиот колега Бјорн Вилемс, а арбитрите нема да имаат нималку лесна задача со оглед на тоа дека првиот натпревар меѓу овие две екипи кој се играше во Италија заврши со 3:2 за Пјаченца.

Македонскиот судија судеше единствено во ЦЕВ купот во машка и женска конкуренција, а полуфиналето е петто делегирање за него сезонава.

ПретходноИгор Џамбазов стана претседател на ФК Дојранско Езеро
СледноПолувреме: Без голови во Даблин, Барди опасно се закани од слободен удар!