Де Зерби дефинитивно е новиот менаџер на Тотенхем

65

Според англиските медиуми нема повеќе дилеми околу тоа кој ќе го наследи хрватот Игор Тудор на местото менаџер на Тотенхем.

Роберто Де Зерби во следните 24 часа ќе биде претставен како нов кормилар на тимот кој наместо сезонава според амбициите да биде конкурент за највисок пласмна, „Спарси“ бараат од италијанецот да ги спаси од испаѓање.

По неколкудневни интензивни преговори, италијанскиот тренер донесе цврста одлука за својата иднина. Се очекува тој да потпише долгорочен договор со Спарс, кој ќе го задржи во северен Лондон во следните пет сезони. Официјална потврда за неговото назначување се очекува да биде објавена во следните неколку часа.

ПретходноНа денешен ден ја „преслушавме“ Германија, Гранде и Елмас ни донесоа огромна победа (ВИДЕО)
СледноРуди Галети: Клубови од Европа но и САД се интересираат за голманот на Шкендија