Ирците ја мрзат Македонија од дното на душата, не забораваат и по 27 години!

1020
Фото: Irish Times

„Ја имавме Македонија“, дресот со кој тренираа репрезентативците на Република Ирска по дуелот во Скопје во 1999 година кога секунди ги делеа од пласман на ЕП, кога имаа 0:1 во Скопје во последниот меч од квалификациите и кога се случи ерупција, погодок на Горан Ставревски и шок за „зелените“. Денеска истата слика се појави на страниците од весникот „Irish Times“, во статија со која нашиот денешен ривал се потсетува на двете болки од минатото кои им ги нанесе Македонија. Првата при онаа победа со двата пенали во Скопје и 3:2 во бурниот меч со црвени картони и удари од белата точка по која дојдовме до голема победа во рамките на квалификациите за мундијалот во Франција ’98.

Трипати играа во група и трипати беа втори во групата фудбалерите на Република Ирска кои двапати не победија само во квалификациите за ЕП 2012. Но, исто така и ние трипати губевме на гостувањата во Даблин (3:0, 1:0, 2:1).

Сеќавањето на таа скопска ноќ од 1999 година кога и поклонивме пласман на ЕП на тогашна СР Југославија е доказ дека „Ирците“ не ни забораат. Дека не мрзат од дното на душата и дека иако вечерва со нив играме пријателски и според нив „небитен“ натпревар, сепак јасно е дека ќе сторат се за да не победат, понижат и вратат во Скопје со нов неуспех.

Фудбалските селекции од стровото почитуваат традиции, статистики и затоа треба да се знае дека за нив нема „небитен“, натпревар. Небитен со распродадени околу 50.000 билети. Тоа не постои во фудбалот, да играш „небитен“ натпревар пред полн стадион.

ПретходноОд четврток до недела: Ова се термините и сатниците за натпреварите од 25.коло во ПМФЛ!
СледноТурските фудбалери останаа без сон: Во Приштина им се случи битолско сценарио (ВИДЕО)