Десетте селекции кои не ја минаа првата фаза од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година, се поделени во три натпреварувачки групи.
На посебна церемонија, денеска, во „ќуќата на кошарката“ во швајцарскиот Мие, беа формирани натпреварувачките групи за претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.
Десетте селекции кои не ја минаа првата фаза од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година, се поделени во три натпреварувачки групи, две од нив со по три селекции-учесници и една со четири
Согласно со ждрепката, женската сениорска репрезентација на Македонија ќе игра во групата „Ц“, заедно со репрезентациите на Романија и на Естонија.
Првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана, ќе обезбедат пласман во наредната натпреварувачка фаза.
НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2029-ЖЕНИ
ГРУПА А: Швајцарија, Исланд, Азербејџан, Ирска
ГРУПА Б: БиХ, Норвешка, Кипар
ГРУПА Ц: МАКЕДОНИЈА, Романија, Естонија










