Полувреме: Без голови во Даблин, Барди опасно се закани од слободен удар!

87
ФОТО: FFM.MK

Р.Ирска – Македонија 0:0 по првото полувреме од пријателскиот меч на „Авива стадионот“ во Даблин. Игра типична за меч без резултатско значење со театарска атмосфера на трибините. Домашните ги диктираа настаните на теренот, имаа и неколку шанси, посебно Перот во три наврати опасно се закани по нашиот гол, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0. Се играше 21.минута кога Енис Барди од околу 18-19 метри од слободен удар опасно се закани, но голманот на домашните, Келехер едвај ја исфрли во корнер, па така спречи наше водство.

До 15-20 минута домашните притискаа, дури потоа избранициите на Гоце Седлоски се ослободија од притисокот и почнаа да креираат акции, но без некоја посебна опасност.

Да се надеваме на подобро издание на Македонија во продолжение на средбата.

Р. ИРСКА – МАКЕДОНИЈА 0:0 (0:0)

Стадион „Авива“ во Даблин. Судија: Ајван Грифин (Велс). Стрелци:/.

Р.ИРСКА: Келехер, Еган, Колинс, О`Шеи, Колеман, Најт, Молумбу, Скелс, Огбене, Азаз, Перот.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Фетаи, Зајков, Велковски, Чурлинов, Костадинов, Алими, Херера, Барди, Елмас, Растодер.

ПретходноХристов ќе суди полуфинале во ЦЕВ Купот
СледноБаражи за СП 2026 (ПОЛУВРЕМЕ): Италија поведе, па „поцрвене“, без голови во Приштина, водство за Чешка и Швеска