РК Прилеп, членот на ракометната Суперлига, денеска објави дека успеал да ги продолжи договорите со тренерот и со двајца клучни ракометари.
Стратегот Наум Танески и официјално и наредната сезона ќе го води тимот од Прилеп. Додека ракометарите Димитар Димитриоски и Никола Шипинкоски исто така ставја потпис на продолжување на постоечките договори.
Ова кажува дека раководството на РК Прилеп направи добар потег, со цел да се зачува костурот на тимот и со ангажман на неколку нови имиња прилепчани би имале поголеми амбиции.










