Седлоски: Головите ќе дојдат, мора да играме офанзивно и да се наметнуваме

307

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во пријателскиот дуел во Даблин, против Ирска, одигра 0:0, и на тој начин на некој начин се рехабилитираше од тешкиот пораз во бараж дуелот против Данска од 4:0.

Ова на изрбаниците на Гоце Седлоски, а и на самиот селектор им беше и повеќе од потребно за да можат сега посмирено да го прифатат она што се случи во Копенхаген. Вечерва Македонија одигра поприлично дефанзивно, без конкретни акции за загрозување на противничкиот гол, но според селекторот тоа е само почетна фаза од неговата работа и дека головите и шансите ќе дојдат самите по себе.

„Одигравме тежок меч во Данска, па денешниот дуел беше тврд. Исклучок е притисокот на Ирска на крајот од првиот дел и последната шанса која ја одбрани Димитриевски на крајот од дуелот. Им дадов шанси на сите фудбалери, мислам дека дуелот не понуди многу шанси. Знаеме како игра Ирска, Данците се сосема поинаква репрезентација, но да не заборавиме дека оваа селекција водеше со 0-2 по првиот дел во Прага. Задоволен сум од настапот на Фетаи, ова беше негово деби, но одлично се снајде. Го следев на неколку натпревари во Првата лига за Шкендија и ми се допадна тоа што го видов. Седум дена сум со репрезентацијата, имав само три тренинзи во Скопје и мора да почекаме. Головите ќе дојдат, треба да освежуваме во сите линии. Мора да играме офанзивно и да се наметнеме против противниците“ – изјави селекторот Седлоски на прес конференцијата по дуелот со Ирска.

 

ПретходноБаражи за СП: Турција и Шведска отидоа на Светско, продолженија во Зеница и Прага (ВИДЕО)
СледноМусовски: Ова е добар резултат за нас