Секоја чест: Ова го има само во БиХ – нека победи подобриот! (ВИДЕО)

208
ФОТО:screenshot/x

Босанците се познати низ целиот свет како големи домаќини и гостопримлив народ. Тоа го покажаа и овој пат, во пресрет на решавачкиот натпревар помеѓу БиХ и Италија за Светското првенство во 2026 година.

Имено во текот на директно јанување во живо, италијански новинар доби кафе од извесна Алмина. Потег со кој сакаше да им се заблагодари на Италијанците за 1996 година.
„Ви благодарам за 1996 година, бидејќи Италија беше првата земја по војната што играше со Босна и Херцеговина и ние никогаш нема да го заборавиме тоа. Сите сте добредојдени овде во нашата земја и ви посакувам убав ден. Тоа е кафе и ако сакате нешто благо, ќе ви го дадеме потоа. Ви посакуваме и среќа во натпреварот вечерва и нека победи подобриот“, рече Алмина.

На крајот, тие заедно ги пееја химните на навивачите на БиХ и Италија.

Секоја чест за Алмина. Ова го има само во БиХ.

ПретходноПред историскиот дуел: Мајорка со поддршка до капитенот на Косово! (ФОТО)
СледноПобеда во Ереван! Ерменија е нашиот редовен пациент (ВИДЕО)