Босна ја прескокна Македонија на ранг-листата на ФИФА

144

Македонската фудбалска репрезентација е забележа пад од едно место на најновата ранг-листа на ФИФА. Нашиот најдобар сениорски тим се наоѓа на 67-мата позици.

Македонија во месец март одигра два меча, во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство беше поразена на гостински терен со 4-0, а синоќа во Даблин одигра без голови против Ирска 0-0.

На најновата ранг-листа пред Македонија скокна Босна и Херцеговина, која со пласманот на Светското првенство сега напредуваше за шест позиции и е на 65-тото место на ФИФА-листата.

Промени има и на врвот на листата, Франција е лидер со со 1877,32 поени, пред Шпанија со 1876,40 поени и Аргентина, која е на третото место со 1874,81 поени. Во Топ 10 се и Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Мароко, Белгија и Германија.

ПретходноДончиќ како Џордан го урна рекордот на Коби Брајант
СледноГРК Охрид не застанува – договори српски „бомбадер“