Шкендија беше на прагот да има фудбалер кој ова лето ќе настапи за својата селекција на Мундијалот што би бил прв ваков случај во историјата на мак-фудбалот. Роналдо Вебстер и неговата Јамајка во финалниот меч од плеј-офот за пласман на СП, беа поразени дури по продолженијата од селекцијата на Конго.
Левиот бек на Шкендија настапи до 90 минута кога беше заменет поради опасност да не добие црвен картон поради неколкуте жестоки дуели, а притоа веќе имаше една опомена. Фудбалерите на Конго со голот Туанзебе во 100.минута стигнаа до вредната победа и пласманот на Мундијалот.
Сега Вебстер е на пат кон Македонија и во сабота го очекува дуел за Шкендија против Пелистер на стадионот во Тетово. Пред финалето со Конго, левиот бек одигра цел меч со селекцијата на Нова Каледонија (1:0), во рамките на баражите за СП. Едната цел ја мина, но не и последната.










