Фудбалска Италија во моментов ги доживува најтешките моменти во последните може слободно да се каже неколку децении. Синоќа Азурите не успеаа да се квалификуваат на следниот Мундијал во САД, Канада и Мексико, затоа што загубија на пенали во баражот против Босна одигран во Зеница.
Катастрофата денеска од терен се префрли во медиумите, но и во кабинетите, каде што очигледно дека одговорните лига, ќе вперат првст еден во друг и ќе побараат одговори.
Министерот за спорт Андреа Абоди изјави дека раководството на Фудбалската федерација мора да ја преземе одговорноста за невидениот неуспех. Изјавата на министерот беше дадена на маргините на настанот за наградите „Италијански град на младите 2026“ (Premio Città Italiana dei Giovani 2026) и не остави простор за различни толкувања.
„Кога една Федерација „пропушта“ таков турнир, невозможно е да не се размислува за реорганизација што мора да започне од врвот“, рече Абоди и додаде.
„Кога една организација како целина пропушта Светско првенство по трет пат, со сè што тоа подразбира, раководството мора да преземе одговорност или барем да изјави дека е подготвено да го стори тоа. Ова е конечен пораз. Денес не е нормално. Не може да биде доволно едноставно да се префрла топката, велејќи дека се очекувало повеќе од институциите“, додаде министерот за спорт










