Кошаркарите на Детроит го победија Торонто со 127-116 и ја освоија титулата во Централната дивизија на НБА за првпат од 2008 година. Пистонс беа предводени од Џејлен Дуран, кој постигна 31 поен и девет скока, Денис Џенкинс додаде 21, а Данкан Робинсон имаше 19 поени.
Детроит, кој победи на седум од последните девет натпревари, е прв на табелата во Источната конференција со 55 победи и 21 пораз, додека Торонто е шести.
Лос Анџелес Лејкерс славеа против Кливленд со 127-113 дома, запишувајќи ја својата четврта последователна победа и 50-та во сезоната. Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерси до победата со 42 поени, 12 асистенции и пет скока. Остин Ривс додаде 19 поени. Џарет Ален беше предводник на гостите со 18, а Џејмс Харден постигна 17 поени.
Портланд ги победи Лос Анџелес Клиперс со 114-104 на гостински терен, благодарение на Џо Холидеј кој заврши со 30 поени и Дени Авдија со 28.
Хјустон го победи Њујорк со 111-94 за својата трета победа по ред. Кевин Дурант го предводеше тимот на Рокетс со 27 поени, а Рид Шепард постигна 20.










