Донарума: Синоќа плачев, зошто не успеав да ја однесам Италија да биде онаму каде што заслужува

225

Фудбалска Италија е во шок откако синоќа повторно како и во минатото не успеа да го мине последниот филтер, односно баражот за пласман на Мундијалот и ќе остане летоска дома.

Во Зеница, Босна, Италијаните загувија од домаќинот по подоброто изведување на пеналите, и покрај тоа што поведоа рано во мечот. Очигледно им се удри од глава на „Азурите“ фактот што јавно се радуваа што во овој меч ќе играат со Босна.

Капитенот на Италија, Џиџи Донарума по мечот јавно изјави дека синоќа плачел од преголема тага.

„Плачев синоќа по мечот. Плачев од преголемо разочарување, што не успеав да ја однесам Италија онаму каде што и е местото. На Мундијал. Плачев поради огромната тага која ја чувствувам. Заедно со моите соиграчи од репрезентацијата. Знам дека и навивачите се чувствуваат исто“  – изјави Донарума.

ПретходноСкаути на Мајнц синоќа го „скенираа“ Фетаи
СледноЅвездата на Реал открива: Арбелоа е ист како Анчелоти, ни дава крофни, бисквити…