Смилковски после историскиот момент: Чувството е неописливо!

185

ТФТ испиша нова клупска историја со пласманот во полуфиналето во плеј-офот во АБА2-лига. Тимот од Тафталиџе славеше на „мајсторката“ против Златибор на гостински терен со 80-90 за конечни 2-1 во серијата. Противник за место во финалето на македонскиот претставник ќе биде тимот на Сутјеска.

„Чувството е неописливо бидејќи ова е историја за нашата организација и нашиот клуб. Малку ми недостигаат зборови. Немам други зборови да кажам освен да го пофалам младиот Стојанов, кој имаше таков пристап кон играта и покажа таков карактер што го инспирираше остатокот од тимот, а можеби клучот за оваа игра беше првата четвртина и нашата агресивност на одбранбената линија каде што добивме предност.

Златибор успеа да се врати во втората четвртина, а се движеше кон неизвесна завршница бидејќи во второто полувреме никој немаше повеќе од четири или пет поени разлика. Во завршницата, можеби искуството на Говенс, кој даде важни поени. Мислам дека бевме во деветтиот круг од пеколот во Скопје, на полувреме минус 16, променивме нешто во одбраната, но мислам дека не беше толку тактичко решение колку што нашите играчи не престанаа да веруваат дека можеби можеме да се вратиме.“

 

Претходно„Цела ноќ око не склопив, Италија е во тага“
СледноВебстер беше на чекор до Мундијалот со Јамајка