Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, кој ја презеде репрезентацијата пред две години, успешно смени генерација, а заедно со спортскиот директор Емир Спахиќ, донесе неколку млади, но исклучително квалитетни играчи во тимот, па по еден турбулентен период на почетокот на неговиот мандат, успеа да го среди тимот. На крајот, успеа да го скрши проклетството на плејофот за репрезентацијата на БиХ и, елиминирајќи ги четирикратните светски шампиони, ја однесе БиХ на Светското првенство.
„Не беше лесно, но тоа е нашиот пат, претпоставувам. Имавме некои проблеми во првото полувреме, не бевме таму каде што требаше да бидеме, па примивме три или четири добри контранапади. Но, против ваков тим што знае да се брани со 10 играчи, многу е тешко да се направи нешто. Би рекол дека заслуживме да се квалификуваме на Светското првенство. Верувавме од првиот момент, никогаш не сум влегол во натпревар посмирен, горд сум на тоа, им реков на момците да уживаат“, потенцираше Барбарез.










