Вебстер беше на чекор до Мундијалот со Јамајка

133

Шкендија беше на прагот да има фудбалер кој ова лето ќе настапи за својата селекција на Мундијалот што би бил прв ваков случај во историјата на мак-фудбалот. Роналдо Вебстер и неговата Јамајка во финалниот меч од плеј-офот за пласман на СП, беа поразени дури по продолженијата од селекцијата на Конго.

Левиот бек на Шкендија настапи до 90 минута кога беше заменет поради опасност да не добие црвен картон поради неколкуте жестоки дуели, а притоа веќе имаше една опомена. Фудбалерите на Конго со голот Туанзебе во 100.минута стигнаа до вредната победа и пласманот на Мундијалот.

ПретходноСмилковски после историскиот момент: Чувството е неописливо!
СледноВелес – следна станица за дружење на најмладите кошаркари и кошаркарки