Дончиќ како Џордан го урна рекордот на Коби Брајант

209
Фото: ЛА Лејкерс Х

Да беше жив Коби Брајант, дефинитивно ќе уживаше во потезите на Лука Дончиќ, кој продолжува да пишува историја во дресот на „неговите“ Лос Анџелес Лејкерс. Синоќа, во победата над Кливленд, Дончиќ имаше 42 поени со 5 скока и 12 асистенции, а тоа беше историски настап за словенечкиот бек.

Лука Дончиќ сега има 15.009 поени и влезе во историјата станувајќи третиот најмлад кошаркар некогаш што постигнал најмалку 15.000 поени во својата кариера.

Да ве потсетиме дека Дончиќ беше драфтуван во 2018 година кога 27-годишниот Словенец беше избран од Атланта Хокс со 3-тиот избор и испратен во Далас во замена за Треј Јанг, а Далас го размени со Лејкерс во замена за Ентони Дејвис во 2025 година… Значи, само Леброн Џејмс и Кевин Дурант беа помлади од Дончиќ кога имаа 15.000 поени во кариерата.

И тоа не е сè. Лука Дончиќ го сруши рекордот на легендарниот Коби Брајант истата вечер.

Во март 2026 година, Дончиќ има 600 поени и стана единствениот играч покрај Мајкл Џордан кој постигнал толку поени во еден месец. Ова значи дека Дончиќ го сруши рекордот на Коби Брајант од 578 поени во еден месец (исто така март, само 20 години претходно).

Коби е на третото и четвртото место со 569 и 564 поени во еден месец, што беше во февруари 2003 година и јануари 2006 година.

ПретходноКуп на Македонија: Познати се полуфиналните двојки и кај дамите
СледноБосна ја прескокна Македонија на ранг-листата на ФИФА