Кристијан Огро Фабијани вечерва пристигнува во Скопје

265

По се изгледа дека новиот тренер на ФК Вардар, како што беше претходно најавено Кристијан Огро Фабијани во Скопје ќе се појави побргу од очекуваното. Според неговиот инстаграм профил, аргентинскиот стратег, кој што е најавуван како замена за Гоце Седлоски на крајот од сезоната, веќе е на пат за Скопје и вечерва би требало да пристигне во нашиот главен град.

Фабијани сподели преку социјалните мрежи дека е на пат за Македонија уште вчера, а пред три часа дека се наоѓа во Виена, Австрија.

Па според тоа, веќе вечерва Кристијан Огро Фабијани би требало да слета во Скопје. Неговиот ангажман од раководните структури на клубот беше најавен уште зимоска, кога стана јасно дека Седлоски станува нов селектор на Македонија, а што во меѓувреме и се оствари и во пракса. Беше кажано веднаш дека Фабијани е еден од кандидатите, дека Седлоски дефинитивно е тренер на Вардар до јуни, но не и дека аргентинецот би се појавил во март во Скопје.

Останува да видиме што ќе се случува во текот на утрешниот ден и дали околу Кристијан Огро Фабијани клубот ќе лиферува и официјална информација.

 

ПретходноДе Зерби и официјално ќе го спасува Тотенхем
СледноКејн со повреда на зглобот, неизвесен за дуелот со Реал!?