Познати се полуфиналните двојки во Купот на Македонија во женска конкуренција. Добро е познато дека Струмица ќе биде домаќин на ова натпреварување и во машка конкуренција, со тоа што полуфиналните мечеви ќе се играат во петок.
Кај дамите во првото полуфинале ќе се сретнат Пелистер – Ѓорче Петров, додека во второто полуфинале ќе играат Спартак – Чаир. Бранител на пехарот е тимот на Ѓорче Петров.










