Стојанче Стоилов ќе биде нов тренер на Бутел Скопје

193

Македонската ракометна легенда, Стојанче Стоилов утре ќе биде промовиран како нов тренер на Бутел Скопје. Тој со својата мисија како прв стратег на еден клуб ќе ја започне по завршување на оваа сезона и доаѓа на местото на Горан Кузманоски, кој ќе гради интернационална кариера во Кипар.

Стоилов е дел од стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација, по завршување на играчката кариера во дресот на Вардар, тој беше помошник во стручниот штаб, но откако во матичниот тим за кого играше во добрите и лошите денови, и подигна бројни пехари како капитен, меѓу кои и двата во Лигата на шампиони, одлучи да се повлече.

Стоилов ќе има шанса со Бутел Скопје да изгради своја приказна како тренер.

ПретходноГаздата на Наполи со став: Кратење на Серија А на 16 клуба, доста хиберниравме
СледноЖарко Пешевски не мрда од Битола