Кошаркарските каравани продолжуваат, нова станица – Велес…
Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на М12 каравани. односно проектот посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е развој на спортскиот дух, пријателство и љубов кон кошарката.
А новата, попатна станица на кошаркарските каравани за најмладите ќе биде Велес, или третиот дел од проектот е предвиден за 5. април, ќе биде реализиран во спортскиот центар „Гемиџии“ како уште една од повеќето локации.
Почетокот на новото дружење на најмладите кошаркар(к)и е закажан за 12.00 часот.
Кои се целите на кошаркарските каравани?
Пред се, поттикнување на љубовта кон кошарката и фер-плејот.
Секако, развој преку игра и забава, без резултатски притисок, но и вмрежување на младите кошаркари и размена на искуства меѓу тренерите, и тоа како потребни во кошаркарското напредување на овие најмлaди возрасни категории.
Она што треба да се знае е дека:
Натпреварите ќе се играат според правилата на мини-баскет (4 х 8 минути, односно ФИБА „Бам пасарела“ правило (првите две четвртини се играат со цел состав – првата петорка игра цела прва четвртина (две замени), втората петорка цела втора четвртина (две замени), без резултат, со судии назначени од кошаркарската федерација на Македонија, и со минимум десет играчи по тим, но не повеќе од 15 играчи, на возраст, односно родени 2014 година или помлади.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
време натпревар терен
12.00: Борец баскет – Овче Поле (1)
12.00: Водно санс – ИБА Скопје (2)
12.00: Вардар – Винеам (3)
12.45: Албатроси – МКК Куманово (1)
12.45: Тетекс ТТК – Црн Дрим (2)
12.45: Кожув – Пониква (3)
13.30: Струмица Ролинг – Борец 2 (1)
13.30: Феникс 2010 – Тиквеш ГИ (2)
13.30: Спорт тим – Пониква (ж) (3)
14.15: Баскет кам (ж) – Гостивар (ж) (1)
14.15: Дино баскет (ж) – Спорт тим (ж) (2)
14.15: Дино баскет – Ангели (3)
15.00: Струмица Ролинг – Тетекс ТТК (1)
15.00: Кожув – Винеам (2)
15.00: МКК Куманово – ИБА Скопје (3)
15.45: Албатроси – Вардар (1)
15.45: Овче Поле – Водно Санс (2)
15.45: Пониква – Борец баскет (3)
16.30: Црн Дрим – Феникс 2010 (1)
16.30: Тиквеш ГИ – Дино баскет (2)
16.30: Ангели – Борец 2 (3)
17.15: Гостивар – Дино баскет (ж) (1)
17.15: Баскет кам – Пониква (ж) (2)
*Сите натпревари се играат во спортската сала „Гемиџии“ во Велес










