Екипата на ГРК Охрид на 4. април на домашен терен го игра реванш мечот против Олимпијакос во рамките на 1/4 финалето во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот тим е на чекор до полуфиналето бидејќи на првата средба славеше со пет гола разлика.
Со оглед на тоа дека ГРК Охрид играше пред одлична атмосфера во Атина денеска испрати апел до сите навивачи кои ќе дојдат во салата „Билјанини Извори“.










