Проблем за тимот на Баерн Минхен во пресрет на еден од најважните дуели сезонава. Хери Кејн се повердил за време на неговиот престој во таборот на репрезентацијата на Англија. Во прашање е неговиот зглоб, а последните информации се дека тој дефинитивно е во „аут“ за викенд дуелот против Фрајбург.
На него Баварците и некако ќе се снајдат без својот прв напаѓач, но проблемот доаѓа следната недела кога Баерн игра дуел против Реал Мадрид во рамките од Лигата на Шампионите.
Овој дуел од четвртфиналето од ЛШ е за само шест дена, и големо прашање е дали Кејн ќе се опорави 100% до тогаш.










