Цела Босна „гореше“ по пласманот на СП, фудбалерите пречекани пред 100.000 навивачи (ВИДЕО)

784
фото: klix.ba

Цела Босна и Херцеговина синоќа беше на улица. По големата победа над Италија на пенали и пласманот на фудбалскиот Мундијал, се славеше практично низ сите краишта на земјата.

Сараево, Тузла, Мостар… Каде и да погледнете, имаше прослава до зори бидејќи Босна и Херцеговина успеа да се квалификува на Светското првенство.

Босаните таму ќе играат со Канада, Швајцарија и Катар во рамките на групната фаза.

Десетици илјади навивачи во Сараево ја пречекаа босанската фудбалска репрезентација,а локалните медиуми споменуваат дека бројот на луѓе на улиците на градот бил и 100.000.

ПретходноИрак е последниот учесник на СП 2026, познати комплетните групи
СледноДетроит е шампион на Централната дивизија, нова победа за Лејкерс