Баџо и Колина ги најавија албумот на Панини и сликичките за СП 2026!(ВИДЕО)

132
ФОТО: screenshot

Откако и официјално се познати сите репрезентации кои ќе играат на СП, на два и пол месеци почетокот на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, Панини објави детали за својот нов албум со сликички. Ова ќе биде најголем албум во историјата.
Новиот албум ќе содржи 112 страници и простор за неверојатни 980 сликички. Нарачките се отворени од 1 април, додека самото издание ќе биде пуштено во продажба од 1 мај.
За споредба, албумот за последното Светско првенство имаше 670 сликички. Поголемиот број на сликички исто така значи дека ќе биде потребно да се потрошат значително повеќе пари за да се пополни целиот албум, иако се чини дека цената на секој пакет нема да се зголеми. Панини го придружи и почетокот на продажбата со промотивно видео во кое се прикажани икони на италијанскиот и светскиот фудбал, легендарниот судија Пјерлуиџи Колина и фудбалерот Роберто Баџо. Во видеото, тие им кажуваат на колекционерите дека е време да собираат. Иронично, Италија, земјата од каде што доаѓаат ѕвездите на видеото, не е во албумот. Италијанската репрезентација не се квалификуваше за Светското првенство откако загуби од Босна и Херцеговина во Зеница.

ПретходноНајдобрите стрелци од екс-ју земјите: Пандев на 4. место, Џеко е рекордер!
СледноОфицијално:Претседателот на Фудбалската федерација на Италија си поднесе оставка!