Најдобрите стрелци од екс-ју земјите: Пандев на 4. место, Џеко е рекордер!

201
ФОТО: FFM.MK

На претстојниот Мундијал кој ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули, од земјите од екс – Југославија ќе настапат само две, и тоа Хрватска која официјално е трета во светот од последниот шампионат и БиХ, која успеа да ја мине Италија. Останатите четири Светското ќе го гледаат преку ТВ екраните.

Јасно е дека овие денови во центарот на вниманието е Един Џеко, кој неодамна наполни 40 години и како таков беше предводникот на Босанците за победите над Велс и Италија во баражите.

Инаку Џеко и натаму е најдобриот стрелец на сите времиња од овие простори со досега постигнати 73 голови, но од 147 настапи за својата репрезентација. Тука ги земаме головите постигнати за своите селекции. Во ова одбрано друштво, ако се сметаат само најдобрите во своите земји, е и нашиот Горан Пандев со 38 голови од 122 настапи и е на четвртото место на оваа табела во која се и Александар Митровиќ, Давор Шукер, Стеван Јоветиќ и Златко Заховиќ. Ова се најдобрите стрелци од екс – ју просторите. Од нив половината не се веќе активни репрезентативци.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

1.Един Џеко (БиХ) 73 голови (147 настапи)

2.Александар Митровиќ (Србија) 63 голови (104 настапи)

3.Давор Шукер (Хрватска) 45 голови (69 настапи)

4.Горан Пандев (Македонија) 38 голови (122 настапи)

5.Стеван Јоветиќ (Црна Гора) 37 голови (91 настапи)

6.Златко Заховиќ (Словенија) 35 (80 настапи)

ПретходноКој ќе го наследи Гатузо: Гвардиола, Манчини, Конте… се желбите!
СледноБаџо и Колина ги најавија албумот на Панини и сликичките за СП 2026!(ВИДЕО)