Ненад Димитријевиќ блесна во дресот на Баерн. Македонскиот репрезентивец постигна 22 поени во победата на неговиот тим на домашен терен против актуелниот првак со 84-76.
После мечот на прес-конференцијата зборуваше искусниот стратег Светислав Пешиќ.
„Нено е голем талент, нема сомнение за тоа“, додаде Пешиќ. „Имаше некои физички проблеми во последните три или четири натпревари. Сега е во форма. Кога е во добра физичка форма, игра добра кошарка и им помага на другите играчи да ја организираат внатрешната игра, пик-ен-ролот, и да ги пронајде нашите шутери“, рече Пешиќ.
Македонскиот репрезентативец не го криеше своето задоволство, особено што победата доаѓа пред домашните навивачи.
„Среќен сум што ја остваривме победата. Последен домашен натпревар од сезоната во САП Гарден пред нашите навивачи, беше важно да излеземе и да покажеме дека ќе се бориме заедно.“










