Стоилов: Амбициите на РК Бутел се пласман во плеј-офот со македонски ракометари!

269

Нема веќе дилеми, РК Бутел од лето или од нареднтата сезона на клупата ќе го има легендарниот Стојанче Стоилов. Тој денеска е промовиран од страна на членот на Суперлигата на Македонија. Секако дека со Стоилов на клупата се отвораат нови хоризонти за овој клуб кој веќе одамна е етаблиран во мак – ракометот.

На промоцијата покрај другото, Стоилов истакна:

Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна репрезентација, другите клубови треба да се посветат повеќе внимание на македонските млади играчи и да не купуваат странци. Бутел веќе има костур на екипата, иако има и млади ракометари, но тие имаат суперлигашко искуство. Би го надополнил ростерот со млади од други екипи за кои сметам дека може да станат големи играчи. Амбициите остануваат и за наредната сезона – пласман во плеј-офот, само со македонски ракометари, изјави новиот стратег на клубот.

Свое обраќање имаше и претседателот на РК Бутел, Бојан Спасовски:

Баравме идеално и квалитетно решение за клупата на Бутел Скопје. Имавме краток состанок со Стоилов и веднаш се договоривме. Станува збор за легенда не само во македонскиот ракомет, туку и пошироко. Со него ќе добиеме и на квалитет и на искуство на клупата, а во ростерот и натаму ќе имаме млади македонски играчи. Амбициите ни се високи, па затоа се договоривме за соработка на две сезони. Mу даваме одврзани раце на Стоилов околу формирање на ростерот, а ние како раководство ќе се потрудиме да му обезбедиме максимални услови за работа, изјави Спасовски.

ПретходноКузманоски го објави списокот за Медитеранското првенство! (ФОТО)
СледноВардар 1961 ја има традицијата, ГРК Охрид посакува нова историја!