Ужасна вест за Шкендија: Рамадани мора на операција, скинати се предните вкрстени лигаменти на десното колено!

286
ФОТО:kfshkendija.com/

И повеќе од ужасна вест за сите во Шкендија, посебно за самиот репрезентативец Решат Рамадани, клучниот играч на шампионот кој ќе мора да паузира веројатно до крајот на годината.

По повредата во Даблин, на мечот Р.Ирска – Македонија, пред малку со официјално соопштение искочи ФК Шкендија.

Во него се вели дека Рамадани има најтешка повреда и тоа кинење на предните вкрстени лигаменти на десното колено и ќе мора да оди на операција:

Играчот од средниот ред на Шкендија претрпе руптура на лигаментите за време на натпреварот со репрезентацијата и е принуден да се подложи на операција.
Дефанзивниот играч од средниот ред на КФ Шкендија, Решат Рамадани, претрпе сериозна повреда за време на натпреварот помеѓу Ирска и Северна Македонија што се одржа во Даблин.
Рамадани беше воведен во 60-тата минута, но издржа само 11 минути на теренот, откако беше принуден да го напушти теренот поради повреда.
Лекарските прегледи потврдија сериозна повреда на десното колено, што вклучува руптура на предниот вкрстен лигамент, оштетување на медијалниот менискус и дополнителни проблеми во околните структури.
Се очекува играчот да биде опериран во наредните денови, пред да започне фазата на рехабилитација, која се очекува да трае неколку месеци.
Клубот му посакува на Решат Рамадани брзо закрепнување и посилно враќање на зелените терени“
велат од Шкендија.

ПретходноОфицијално:Претседателот на Фудбалската федерација на Италија си поднесе оставка!
СледноФрчат оставки во Италија: По претседателот си замина и директорот на репрезентацијата!