Аргентина се враќа со Формула 1 трка веќе следната година?

27
фото: WTF1 @wtf1official (X)

На почетокот на мај, делегација од Аргентина ќе ја посети трката за Големата награда на Мајами за да разговара со првите луѓе на Ф1 за потенцијалот за одржување на трка во Буенос Аирес.

Претставници на властите во земјата и локалниот промотер Групо ОСД ќе се сретнат со шефовите на Либерти Медиа, која е сопственик на Формула 1. Автодромот „Оскар Алфредо Галвез“, кој беше домаќин на Гран При трки до 1998 година, моментално е во процес на реновирање пред да биде домаќин на трка од Мото ГП во 2027 година. Работата се изведува во две фази: првата е насочена кон исполнување на барањата на Мото ГП, а втората е насочена кон потенцијално враќање на Формула 1.

Спортскиот секретар на Буенос Аирес, Фабијан Турнес, изјави дека Големата награда на Аргентина би можела да се одржи уште во 2027 година доколку трките од Блискиот Исток бидат отстранети од календарот поради конфликтот во регионот.

ПретходноПартизан ја совлада Ц. Звезда и ја продолжи одличната серија во Евролигата
СледноПоранешниот голман на Ливерпул најави заминување во пензија