Вардар 1961 ја има традицијата, ГРК Охрид посакува нова историја!

142

Денеска ќе биде комплетирано третото коло во плеј-оф во Супер-лигата. На програмата е дерби дуелот помеѓу лидерот Вардар 1961 и ГРК Охрид, мечот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:30 часот. Од таборот на „црвено-црните“ одлучија влезот за оваа средба да биде слободен.

Вардар 1961 е лидер и во моментов, пред одигрување на мечот има четири бода предност (46) во однос на актуелниот првак, Пелистер. Победа ќе значи стабилно и сигурно чекорење кон титулата.

На другата страна охриѓани во дуелот со најтрофејниот ракометен колектив влегуваат после победата против Олимпијакос во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп, па се максимално мотивирни.

Традицијата е на страна на Вардар 1961 кој доминира во пресметките со ГРК Охрид.

ПретходноСтоилов: Амбициите на РК Бутел се пласман во плеј-офот со македонски ракометари!
СледноЕнис Барди: Напред Македонија! Глава горе! (ФОТО)