Најголемото македонско фудбалско дерби меѓу екипите на Пелистер и Вардар ќе се игра под рефлектори. Како што потврдија од битолскиот состав, дуелот на 8 април ќе се одигра од 20 часот на стадионот „Петар Милошевски“.
На дуелот кој овие два тима го одиграа во ноември во Битола, екипата на Вардар славеше со 2:1.















